Снимката од вадење заб пред продавница во западна Србија стана хит на социјалните мрежи!
На видеото се гледа како локален човек се обидува со клешти да му извади скршен заб на својот пријател додека тие пијат пиво пред продавница.
– Дозволи ми да го извадам – му вика стоматологот- аматер со клешти на преплашениот жител, кој очигледно со денови има проблеми со расипан заб.
Еден од насобраните цело време му ја држи главата.
– Зини само ј*бем му матер! Перо само кука и молчи – упорен е мајсторот со клешти додека „трпеливиот“ стенка.
Мора да се признае дека мајсторот со клештата за секунда го извадил забот со еден искусен потег.
– Како си стенкал! Еве ти. Дали болеше – прашува „стоматологот“ додека му го подава забот на пријателот.
На Пера му останало само да му ја подаде раката на својот спасител без да каже збор.
– За 350 динари! Три пива и шприцер – коментира еден од насобраните.