Премиерката на Нов Зеланд Јасинда Ардерн се јави во живо на Фејсбук од нејзиниот дом, но нејзината тригодишна ќерка Нева се вмеша во снимањето на видеото. Во тоа време, Џасинда се обидуваше да ја информира јавноста за ситуацијата со ковид-19 во Нов Зеланд.
Додека Џасинда зборуваше за промена на ограничувањата во земјата, нејзиното внимание беше оттргнато од она што се случуваше надвор од кадарот. Нејзината ќерка стана од креветчето и на сред говор на премиерката за зголемените безбедносни мерки за фирмите во позадина се слушна глас: „Мамо?“.
– Требаше да бидеш во кревет. Време е за спиење, мила, врати се во кревет и ќе дојдам до тебе за секунда – и одговори Џасинда на својата ќерка Нева.
– Извинете на сите. Ова заминување во кревет на спиење не беше многу успешно, нели? рече таа низ смеа и додаде дека нејзината мајка била во куќата вечерта и дека таа повторно ја однела Нева во кревет.