Судир на камиони на меѓудржавниот пат 40 во Оклахома, САД, предизвика реакции на социјалните мрежи откако беше откриено дека вибраторите и лубрикантите се меѓу расфрланиот товар на патот.
Се судриле поголем и помал камион со приколка, пренесува Independent. Во несреќата нема повредени.
На почетокот не било јасно што има во кутиите кои испаднале од камионите, но според видеата подоцна било заклучено дека се работи за секс играчки.
Автопатот наводно бил затворен неколку часа додека сѐ било расчистено.
Во меѓувреме, видеото од судирот е прегледано повеќе од 3,9 милиони пати на Твитер, а многумина се шегуваат со содржината која испаднала од кутиите.
„Замислете да возите дома од работа и да наидете на ова“, „Некои луѓе ќе бидат многу среќни“, „Можам ли да помогнам да го соберат сето ова?“, „Ова може да се случи само во Америка“, „Одлично. Мојата нарачка ќе биде одложена“ , се само дел од коментарите на Твитер.
This wrecked semi-truck spilled a huge load of dildos all over the highwaypic.twitter.com/IeqLfCcC8n
— Dexerto (@Dexerto) September 16, 2022