ХИТ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ: „Дрво пијан“ судски чувар во Србија (ВИДЕО)

by Тони Зографски

На социјалните мрежи се шири снимка од судски чувар како се клати низ улиците на Србија, се придржува на околните згради да не падне.

Снимката наводно е направена во Ужице, а српските медиуми пишуваат дека чуварот бил пијан. Во еден момент чуварот се обидел да ја премине улицата, но набрзо се откажал и продолжил да се обидува да го задржи правецот.

Видеото предизвика бројни коментари на социјалните мрежи.

„Органи на неред“, „Тротоарот се лизга“, „Од прошетката се гледа дека е домашна ракија“, „Лошо појадувал“, се само дел од коментарите.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com