ХИТ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ: Атрактивната водителка тресна на паркетот после интервју со НБА-ѕвезда (ФОТО и ВИДЕО)

by Тони Зографски

Познатата НБА водителката Кристина Пинк доживеала тежок пад на теренот по натпреварот помеѓу ЛА Клиперс и Атланта Хокс.

По натпреварот, Пинк земала изјава од најдобриот поединец на натпреварот, Амир Кофи, кога во еден момент таа се лизнала со високи потпетици.

Штом рекла дека е потребно теренот да се исуши откако играчите го испрскале со вода, таа се лизнала и силно паднала на подот, а тоа го снимиле и ТВ камерите. Кошаркарите кои биле на теренот се загрижиле и ѝ помогнале додека лежела на грб, а потоа ѝ помогнале и да стане.

Снимката од падот брзо стана хит на социјалните мрежи, иако воопшто не изгледа безопасно.

За среќа, атрактивната репортерка на Фокс подоцна се огласи на социјалните мрежи за да ги увери фановите дека е добро.

„За сите што прашуваат, добро сум. Имаше вода на земја… Ги ценам сите пораки“, напиша водителката на Твитер.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com