На најстарите граѓани од Србија им е забранет излез од своите станови 24 часа. Во таква вонредна состојба пензионерите на разни начини се снаоѓаа како да ги прошетаат своите домашни миленици.
Имено, една снаодлива Белграѓанка смислила оргинален начин како да го прошета своето куче.Таа преку терасата го пуштила на синџир своето куче да си врти кругови околу. Кога сакала да го прибере таа само го повлекла синџирот и го собрала кученцето во станот.
Вистинска среќа е што пензионерката живее во приземје.