Во Србија има забрана за движење на постарите од 65 години, бидејќи тие се сметаат за најзагрозена група кога е во прашање епидемијата на коронавирусот.
Сепак, една баба била ‘уловена’ надвор од својот дом, во центарот на Белград, но набрзо ја сопрела полиција.
На една од многубројните снимки кои што постојано се појавуваат на социјалните мрежи, го слушаме полицаецот како ја прашува бабата зошто е надвор сред вонредна состојба?
„Еве, си одам дома. Бев на час по англиски кај мојата пријателка која што има слободно време“ – изјавила бабата чие име е Оливера.
https://www.facebook.com/katarina.p.cvetkovic/videos/10221549395230123/?t=0