Новак Ѓоковиќ, пред неколку дена во финалето на „УС Опен“ го совлада Данило Медведев со 3:0, освојувајќи го својот 24 Грен слем и правејќи го горд својот народ, како и бројните познати личности кои навиваа за него.
За Ѓоковиќ навиваат и познатите холивудски личности, па во неговата ложа, веднаш зад родителите и сопругата Јелена, бил актерот Метју Меконаги, кој воедно бил и првиот човек кој Новак го прегрнал по победата.
Мечот меѓу Ѓоковиќ и Медведев го следеле Шарлиз Терон, Леонардо ди Каприо, Кајли Џенер, Стинг, Никол Кидман, Кит Урбан, Ема Робертс, Џастин Тимберлејк, Емили Ратајковски, Марта Стјуарт, Џери и Џесика Сајнфелд и други.
Емисијата „Папарацо лов“ прикажала ексклузивно видео од прославата на Ѓоковиќ, на кое се гледа како гордата мајка на Новак, Дијана, игра коло со гостите, додека таткото Срѓан се држел на страна.
Појавувањето на холивудскиот актер Леонардо ди Каприо на прославата привлекло огромно внимание. Имено, тој цело време будно следел како се игра српското коло и како се слави титулата на Новак, и уживал во глетката.