За многумина Дизниленд е идеалното место за запросување девојка или момче, но еден пар се нашол во прилично уникатна ситуација. Имено, во видео кое деновиве кружи на Инстаграм, една девојка решила да го запроси своето момче, но не знаела дека тој има идентичен план.
Девојката клекнала пред момчето и извадила прстен, а тој започнал да се смее и потоа го извадил својот прстен и клекнал пред неа. Двајцата кажале „да“ еден на друг, се прегрнале и бакнале со громогласна поддршка од пријателите кои биле со нив, а постојано биле во неверување поради тоа што плановите им се поклопиле.
Видеото стана голем хит на Инстаграм и досега има 425 илјади лајкови и мноштво коментари, а издвојуваме дел од нив во продолжение:
„Тие се навистина сродни души“, „Создадени се еден за друг“, „Ова е добар знак дека ќе им биде убаво во животот“, „Ми го разубавија денот“, се дел од коментарите под видеото.