Откако корисничка на TikTok тврдела дека видела вистинска сирена на брегот на Укунда во Кенија, на социјалните мрежи владее лудило.
Мери Мусиока од Муизенберг, Јужна Африка, со својата снимка собрала милиони прегледи на TikTok, а добар дел од следбениците биле убедени дека снимката е автентична. Таа потоа објавила ново видео во кое минувачите ја гледаат „сирената“ на брегот.
Друг инфлуенсер по име mSkinfluencebymsk се приклучил на приказната, тврдејќи дека снимката е автентична.
Се разбира, не било така. За целата ситуација се огласија и кениската и јужноафриканската полиција.
„Полицијата во Муизенберг нема сознанија за сирена што брановите ја исфрлија на брегот“, соопштила кениската полиција.