Хирургот Горан Кондов од Клиниката за торакална и васкуларна хирургија и неговиот син Борислав кој што е исто така лекар на оваа клиника се позитивни на коронавирус.
Информацијата за ТВ24 ја потврди директорот на Клиниката, Неџати Јакупи. Тој вели дека нема други потврдени случаи на Ковид 19, а екипата која работела со лекарите е во изолација.
Екипите ротираа во групи, и немаа контакти едни со други. Двајцата лекари се заразиле надвор од Клиниката, и нивниот статус не влијае на работата на болницата, сите други се на своите работни места, изјави во телефонски разговор за ТВ24 Јакупи.