Хилари Даф го донесе на овој свет и своето четврто детенце. Славната актерка се породи во домашни услови во базен со вода.
36-годишната филмска ѕвезда ја сподели убавата вест објавувајќи фотографии направени неколку моменти по породувањето.
„Таунс Медоу Бер, сега знаеме зошто ја чекавме толку долго… Таа ги усовршуваше своите образи. Со месеци сонував дека те држам во рацете. Изминатите 5 дена беа вистинска магија, бидејќи можев да те запознаам, да те гледам и да те мирисам. Те сакаме сите како да си со нас долго време“ – напиша Даф во описот на фотографиите.
Хилари и Метју се венчаа во 2019 година. Тие заедно имаат уште две ќеркички, 3-годишната Меј Џејмс Блер и 5-годишната Бенкс Вајолет.
Даф има и 12-годишно синче од претходниот брак со Мајк Комри.