“Во Домот за Геријатрија во Скопје, вработена хигиеничарка имала симптоми на коронавирус, а по направениот тест, таа е позитивна. Направена е епидемиолошка анкета во однос на контактите, дел од колегите и колешките се во самоизолација“, рече министерот за здравство Венко Филипче на денешната он-лајн конференција и додаде дека ќе продолжи да се внимава на овој случај, затоа што во ваквите домови сите штитеници речиси се со хронични болни, а повеќето се и неподвижни.
На Инфективната клиника во Скопје се примени пет нови пациенти, и во моментов се 54 хоспитализирани пациенти, додека на респиратор се пет лица. Во болницата „8-ми Септември“ се примени вкупно седум нови пациенти, од кои на респитарот се седум лица, од вкупно 37 кои се лекуваат во таа болница.