Во деновите по катастрофалниот земјотрес во Турција, се појавија многу снимки и случаи кои инспирираат, а едно видео документира херојски чин во породилиште во градот Газиантеп, кој е меѓу најпогодените.
Имено, додека силниот земјотрес ги тресеше зградите, медицинските сестри наместо да бегаат за да си го спасат животот, истрчаа кон одделот за новороденчиња и со раце ги држеа инкубаторите со бебињата за да не паднат.
Се вели дека видеото, кое е широко споделено на социјалните мрежи, е снимено во Газиантеп, еден од најтешко погодените градови во Турција.
Видеото го сподели и турскиот министер за здравство Фахретин Коџа.
„За време на првиот удар, нашите две пријателки, медицински сестри, покажаа неверојатна храброст. Наместо да трчаат надвор, тие се обидоа да спречат инкубаторите со бебињата да се превртат“, напиша тој на Твитер.
Video from the night of the #Turkiye #earthquake showing how 2 brave nurses – instead of fleeing – ran into the neonatal care unit at #Gaziantep Hospital to stop the baby incubators falling over.#TurkiyeDeprem #TurkiyeEarthquarke #Turkey #TurkeyEarthquake #TurkeyQuake pic.twitter.com/kvLMejP9eX
— Andrew Hopkins (@achopkins1) February 12, 2023