31-годишниот Мартин Стојаноски од Прилеп, кој до минатата година работеше како пожарникар во Територијалната противпожарна единица Прилеп, денеска направи подвиг кој долго ќе се памети.
Денеска околу 12 часот во куќа на улицата “Никола Тесла” бр.8 избувна пожар кој ја зафати кујната, а во моментот во куќата останала заробена една повозрасна жена.
Соседите пријавиле во ТППЕ, но во меѓувреме пристапиле кон гаснење на поожарот. На местото се погодил и Стојаноски кој додека соседите го гаснеле пожарот од надвор, влегол во куќата и во последен момент ја спасил жената и ја извлекол на безбедно.
Кратко потоа пристигна и екипата на ТППЕ.
Инаку, Стојаноски беше вработен како пожарникар со решение на неопределено работно време до 05.08.2019 година, кога како што вели бил отпуштен од работа од локалната власт.
Младиот прилепчанец од 2015 година професионално ги обавувал своите работни обврски во службата, учествувал во гаснење на многу пожари и секогаш им помагал на луѓето кои биле во опасност.
извор Маркукуле.мк