Синоќа македонската фудбалска репрезентација го победи апсолутниот фаворит Италија со 0:1, а херој на вечерта беше Александар Трајковски кој постигна гол во судиското продолжение и со тоа ги „нокаутираше“ сите италијански фудбалски фанови.
Трајковски на својот Фејсбук профил објави фотографии каде напиша:
„Ова е за мојата фамилија и за цела Македонија!“.
Интересно, судбината посака токму Трајковски да биде херој на „Ренцо Барбера“, стадион кој нему му е многу добро познат од времето кога ги бранеше боите на Палермо во италијанската елита.