Српскиот глумев Дарко Периќ, најпознат по улогата на Хелсинки во серијата „La Casa De Papel“, ги воодушевил присутните во Венеција со својот стајлинг.
Уште при самото доаѓање на филмскиот фестивал, Дарко привлекол огромно внимание и сите сакале да се фотографираат со него.
Сепак, во вечерното издание, сите рефлектори биле свртени кон него. Додека другите се натпреварувале со своите свечени тоалети, Дарко на црвениот тепих прошетал во свилено цветно кимоно, шарени патики и со очила за сонце.
Цветните кимона се актуелен тренд, иако досега не сме ги гледале на мажи, но Дарко често ги руши предрасудите, па дури и оваа дека ваквото парче облека е резервирано само за девојки.
Инаку, Дарко Периќ е со потекло од Србија, поточно од Кладовo, а роден е на 25-ти март 1977 година.
Иако стана многу популарен и ценет во Европа, плановите на актерот се да ја продолжи кариерата во Холивуд. Тој подучува „чи кунг“, а исто така негува голема страст кон кошарката.