Се запознале на свадба во 2018 година, на која и двајцата малку фалело да не отидат. Бонам Картер подоцна го опишала тоа како сосема случаен настан кој на крајот им го променил животот.
Ѕвездата објасни дека никогаш нема да стапи во брак, бидејќи не може да даде, како што вели, „нездраво“ ветување дека со некого ќе биде засекогаш.
Зборувајќи за својата врска со Рај Хелена признала:
– Мислам, ние не сме создадени да бидеме заедно засекогаш. И никогаш всушност не сум се омажила затоа што не можам да ги кажам тие зборови. Не можам искрено да го дадам тоа ветување, бидејќи едноставно не мислам дека е здраво.
Хелена и Рај се запознале на свадба во 2018 година, а во 2021 година направиле следен чекор во врската и започнале да живеат заедно.
Раскажувајќи како се запознале, таа за „The Guardian“ рекла:
– Сосема случајна работа, на која и двајцата речиси и да не отидовме. Тоа беше еден од оние моменти што се случуваат сосема случајно, а на крајот одредуваат толку многу работи. Навистина среќна случајност и нешто неверојатно.
Говорејќи за разликата во годините меѓу нив, актерката претходно за „The Times“ рекла:
– Секој старее со различно темпо. Мојот партнер е неверојатно зрел. Тој е стара душа во младо тело, што повеќе би можела да посакам? Луѓето малку се плашат од постари жени, но тој не се плаши. Жените можат да бидат многу моќни кога ќе остарат.
Пред Холмбо, Бонам Картер беше во 13-годишна врска со режисерот Тим Бартон. Тие имаат две деца, но никогаш не се венчаа. Се разделија во 2014 година и останаа во добри односи поради децата.
Актерката претходно беше пет години во врска и со режисерот и актер Кенет Брана. И таа врска заврши без брак.
