Една од најпосакуваните жени на светот, германскиот топ модел Хајди Клум (51) и нејзиниот сопруг, музичарот Томас Каулиц се наоѓаат на одмор на Сардинија. Папараците ги „уловија“ на плажа испружени на лежалки како уживаат во сонцето.
Хајди изгледала неверојатно во минијатурно бикини танга со принт додека се сончала и се мачкала со крем за сончање.
Во еден момент Хајди го соблекла горниот дел од бикинито и ги покажала голите гради. Том ѝ помогнал во мачкањето со заштитниот крем за сонце, а сопружниците цело време изгледале како да се на меден месец, па не можеле да ги тргнат рацете еден од друг.
Во друштво на манекенката и музичарот била и ќерката на Хајди, Лени Клум, која ја покажала својата вита линија, во друштво на нејзиното момче Арис Рачевски.
Познато е дека Хајди постојано нагласува дека не се срами од голотијата и дека со задоволство го покажува своето тело.
Манекенката неодамна го прослави 51-от роденден, па притоа објави фотографии на кои беше сосема гола покрајм базенот во својата вила.
Во 2018 година, таа објави дека е во врска со Том Каулиц – 16 години помладиот музичар од групата „Токио хотел“, за кого се омажи во 2019 година и со кого има, како што самата вели, „жежок“ сексуален живот, нагласувајќи дека во спалната соба поминуваат часови.