Славната манекенка Хајди Клум ги шокираше фановите и јавноста со фотосесија во секси долна облека со ќерката. „Чудно е што мама ти ги допира гаќите“.
Поранешната манекенка Хајди Клум на Инстаграм се пофали со фотографии на кои позира со својата ќерка Лени во кампања за долна облека, а нејзината објава предизвика бурни реакции.
51-годишната Хајди и нејзината 20-годишна ќерка позираа заедно во чипкаста долна облека, а Хајди откри дека уживале во снимањето.
„Јас и Лени се забавувавме додека го снимавме ова. Најдете не на билбордите низ цела Германија и на телевизија“, рече таа со објавата што ја сподели нејзината ќерка. Како дел од објавата има и видео од Хајди како ги допира гаќите на ќерка си и ја снима додека таа позира во долна облека. Објавата предизвика бројни негативни реакции.
Ќерката на Хајди зачекори во светот на манекенството на 16 години кога сними едиторијал за германското издание на Вог, а со неа на снимањето во знак на поддршка дојде и славната манекенка.