Германскиот супермодел Хајди Клум неодамна на социјалните мрежи објави фотографија од својот гол сопруг, музичарот Том Каулич а сега на своите следбеници им ги покажа сите свои „атрибути“.
Манекенката позираше на зајдисонце на терасата со поглед на море, облечена само во минијатурни бели гаќички за капење.
На Хајди не ѝ се непознати топлес фотографиите, а сега во преден план ја стави својата бујна позадина без никаков белег на целулит.
Изгледа дека „жешката“ фотографија е направена за време на нејзиниот неодамнешен летен одмор на островот Свети Вартоломеј на Мали Антили.
На одмор ѝ се придружија нејзиниот сопруг Том, нејзините четири деца и идентичниот брат близнак на Том и колега од бендот, Бил Каулиц.