Откако ја направи најдобрата маска за неодамнешната Ноќ на вештерките, пензионираната германска манекенка Хајди Клум (48) отпатува на заслужен одмор.
Хајди на Инстаграм објави фотографија од својот кревет. Од облека Клум носеше само чипкаст црн градник со шарени пеперутки, а меѓуножјето го прекри со чинија на која имаше вкусна торта од јагоди.
– О! Колку вкусна пита! – напиша Клум со објавата.
Ова не е првпат Германка да објавува разголени фотографии, пишува Page Six. Таа неодамна го покажа задникот во долна облека, а летово позираше топлес додека беше на јахта со својот сопруг Том Каулиц.