Хајди Клум и нејзината ќерка Лени ги истакнаа своите фигури во бикини додека уживаа на одмор со партнерите во Сардинија.
51-годишната манекенка и 20-годишниот модел изгледаа одлично за време на семејниот одмор каде пливаа и си разменуваа нежности со своите сакани. Хајди беше „уловена“ од папараците додека се бакнуваше со сопругот Том Каулиц, а Лени уживаше во прегратката на момчето Арис Рачевски.
Лени е ќерка на Хајди од врската со Флавио Бриаторе. Тие се разделија додека таа беше бремена од него. Клум веднаш започна романса со Сил, кој подоцна ја посвои Лени.