Манекенката Хајди Клум (46) доби несекојдневен подарок од 17 години помладото момче, музичарот Том Каулиц (29).
Имено, по враќањето од медениот месец на јахтата на која беше одржана луксузна церемонија на венчавката, Том ѝ подарил парче од некогашниот симбол на Берлин.
„Денес добив посебен подарок од мојот сопруг… Парче од Берлинскиот ѕид кој го разделуваше источниот и западен Берлин околу 28 години. Мојот сопруг роден е позади ѕидот, во источниот дел од Берлин само четири недели пред да го срушат во 1989-та година. Тоа му овозможило да порасне во слободна Германија за разлика од земјата во која што живееле неговите рдители… Бил во состојба да доживее слобода, радост, креативност, уметност и надеж“ – напиша Хајди на својот Инстаграм профил со видео од по
Инаку, цената на парче од Берлинскиот ѕид во зависност од графитот кој се користел може да чини од 11 до 13 илјади евра.
https://www.instagram.com/p/B195Z0gHL9q/?utm_source=ig_web_button_share_sheet