Супермоделот Хајди Клум го прослави Велигден со разголено фотографирање покрај базен, позирајќи топлес.
На фотографијата што ја сподели на својот Инстаграм профил, Хајди позира топлес во својот двор, „облечена во ништо“, освен бели зајачки уши и долен дел од бикини.
Криејќи ги градите со рацете, таа ги затворила очите и испратила бакнежи до обожавателите. Воедно, манекенката сподели и како нејзиното семејство го прославило Велигден.
Клум, инаку, нема проблем да позира гола, па неодамна таа и нејзиниот сопруг Том целосно голи ја прославија четвртата годишнина од бракот. Хајди и Том се венчаа во 2019 година.