Хајди Клум присуствуваше на премиерата на „Аватар: Патот на водата“ во друштво на 17 години помладиот сопруг Том Каулиц.
За оваа прилика таа избрала да носи прекрасен, сребрен фустан од провидна, тенка ткаенина која освен со материјалот, вниманието го привлекла и со својот крој.
Имено, долгиот фустан на едно рамо и со длабок шлиц којшто се протегал до колкот, ја поттикнал фантазијата кај луѓето, а поради деликатноста на манекенката во еден момент ѝ наѕирале градите додека позирала пред фотографите.
Фустанот ги привлекол погледите на присутните, а малку е да се каже дека ваквата комбинација може да ја изнесе само Хајди Клум. Таа на себе има сребрен фустан од проѕирна, тенка ткаенина, со шлиц до бутовите.
49-годишната убавица, мајка на четири деца, неодамна откри дека секое утро пие свежо смути во кое додава специјални витамини за поубава кожа, коса и нокти. Таа никогаш не заборава да вежба.