Манекенката Хајди Клум го прослави Божиќ со својот сопруг Том Каулиц на луксузен одмор. Двојката не ја крие својата љубов, па додека се одмараа на брегот на Карибите разменуваа бакнежи и нежни допири и уживаа во празниците.
Супермоделот и актерка сподели објава на социјалните мрежи со видеа и фотографии.
Хајди Клум ја покажа својата завидна фигура во црно бикини, кое го носеше под наметка со леопард принт. Модната комбинација ја зачини со божиќна капа со светки.
Објавата содржи и видео на кое се гледа како актерката елегантно стои на лулашка додека нејзиниот сопруг несмасно се обидува да и се придружи. Таа секако ги израдува и ги насмеа своите следбеници со објавата.
Нејзиниот сопруг привлече внимание со својата цветна модна комбинација.