Принцот Хари беше фотографиран за време на поло натпревар во Калифорнија, а јавноста се изненади од неговиот опуштен изглед. Имено, иако неговиот син Арчи го прославуваше својот трети роденден, британскиот принц најде време да одигра еден натпревар со пријателите во Санта Барбара.
Кога почнал да игра, во еден момент ја подигнал неговата бела маица за да го намачкаат со крема за сончање и така го покажал стомакот.
Принцот играше за „Los Padres“, тим кој го користи спортот за подигање на свеста за важноста на здруженијата и добротворните организации.