Камион се заглави под надвозник на влезот на центарот во Лесковац и ја блокирал едната возна лента.
До незгодата дошло кога камион кој пренесувал опрема за еден од штандовите за престојната „Роштилијада“ се обидел да помине под надвозникот кој е со висина од 3,60 метри.
Возачот направил лоша проценка, но за среќа нема повредени.
Инаку, на подвозникот постои знак дека под нега не смее да поминуваат возила со висина над три и пол метри, но ретко кој на посветувал внимание.