Хаос на мечот на Марија Шарапова (ВИДЕО)

by Тони Зографски

На Австралија Опен, на мечот на која Марија Шарапова  беше поразена oд Австралијанката Ешли Барти со 6:4, 1:6, 4:6 беше интересно и надвор од теренот.

Имено, прво се случи незгода со телевизиските камери.  Една од нов која се спушташе во воздух преку жица, го сруши горниот дел на судиското столче. Среќа е што камерата не помина малку пониско, во тој случај можеше да настрада судијата.

Вториот интересен случај се свирежите на публиката упатени кон Шарапова. Русинката пред почетокот на третиот сет отиде во ВЦ, се задржа повеќе од дозволеното, а тој потез тениските фанови го сметаа за тактички, односно, Шарапова да се одмори и да ги поремети ритамот на нивната миленичка, Ешли Барти.

https://twitter.com/twitter/statuses/1086843661235539968

https://twitter.com/twitter/statuses/1086833277623783424

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com