Победничката на избор за Мис во Шри Ланка се здоби со повреди на главата по тепачката на сцената за време на доделувањето на наградите.
Пушпика Де Силва ја освоила титулата најубава девојка на Шри Ланка, а церемонијата била пренесувана на националната телевизија. Неколку моменти подоцна, носителката на таа титула во 2019 година, Каролин Џури, и ја одзеде круната на Де Силва, тврдејќи дека титулата не може да и биде доделена затоа што била разведена.
Имено, правилата за избор се дека натпреварувачките мора да бидат во брак и не смеат да се разведуваат.
„Постои правило што ги спречува жените кои веќе се венчале и се развеле да се натпреваруваат, па затоа преземам чекори за да и ја дадам титулата на придружничката“, рече Џури пред присутните . Таа и ја даде круната на првата придружничка, а Де Силва со солзи ја напуштила сцената.
Таа подоцна напиша на Фејсбук дека морала да оди во болница поради повреда на главата што се случила додека Џури и ја вадела круната од главата.
Организаторите подоцна и се извиниле на Де Силва и и ја вратиле круната бидејќи било утврдено дека не е разведена, но дека таа и нејзиниот сопруг во моментов живеат одделно. „Каролин Џури се однесуваше срамно на сцената, а организацијата Mrs World веќе започна истрага “, соопштиле организаторите.
„Вистинската кралица не е жената која и краде круна на друга жена, туку жена која дискретно и ја поправа круната на друга жена“, заклучила Де Силва.