Хаос настана во црква во Вашингтон кога маж седнат меѓу верниците, во еден момент стана од своето место и нападна еден од свештениците.
На видеото се гледа како човекот со тупаници го удира пасторот Дејвид Гејнс, додека други свештеници и верници потоа се обидуваат да го спречат.
Инцидентот се случил за време на бдение за Сент Лурд и бил емитуван преку Фејсбук профилот на црквата.
Човекот, чии мотиви остануваат непознати, бил уапсен од црковното обезбедување, кое било повикано од епископот на црквата.
По апсењето на човекот, бискупот се помолил „за вознемирениот човек“, чие име останува непознато.
Washington priest attacked by ‘disturbed gentleman’ as prayer service collapsed into chaos https://t.co/awmsOyE9hf pic.twitter.com/DLFWnUSTTj
— New York Post (@nypost) February 6, 2025