Мексикански ТВ водител Леонардо Швебел, кој ги чита вестите на ТВ каналот од Гвадалахара, го изгуби трпението во програмата во живо, па почна да ги навредува луѓето кои не биле вакцинирани или не носат маски: „Ако сте против вакцината, вие сте имбецили… ставете ја проклетата маска на лицето !“ се внесе тој во камерата.
Видеото од неговиот испад стана вирално на социјалните мрежи, а тој подоцна се покаја што врескал кон камерата, но не поради нападот врз гледачите.
– Видете, не дека само сакав да ги искарам, направив слично видео на моите социјални мрежи и апсолутно ништо не се случи… Па, понекогаш треба да викаш за да ги разберат луѓето. Ако само реков: „Господине, ве молам ставете маска, ве молам, ве молам верувајте ми“, немаше да бидам овде со вас денес, му рече тој на еден колега водител во телевизиско интервју.
Тој додаде дека не е точно дека во Мексико нема толку многу смртни случаи или толку многу инфекции, туку дека луѓето ја минуваат најлошата недела од почетокот на пандемијата. Швебел наводно добивал смртни закани од анти-ваксерите, но сепак ги повикува сите што поскоро да се вакцинираат. Изјавува дека не му е гајле ако го нарекуваат луд поради неговиот испад се` додека маските се користат правилно и луѓето се вакцинирани.
https://twitter.com/i/status/1483087487106883584