Хаос во пицерија во Белград: Колешка со нож го бркала нејзиниот колега, тој ја удрил во глава

by Тони Зографски

Во позната белградска пицерија вчера околу 12 часот дошло до расправија меѓу вработениот Ѓ. Ѓ. (49) и вработената Д.Х.(46), која прераснала во тепачка.

Според „Телеграф“, конфликтот настанал околу испораката на храна, а Ѓ. Ѓ. потоа ја нападнал Д.Х.

Вработената извадила нож од кујната и се обидела да го прободе нејзиниот колега, а потоа тој ја удирал по главата и телото и со прстот ја прободел во окото.

Жената повторно се обиделa да го избоде, но тој излегол од кафеаната и повикал полиција. Биле прегледани надзорните камери, а истрагата ја води Првото основно јавно обвинителство, пишуваат српските медиуми.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com