Во Мелбурн дошло до конфликт меѓу приврзаниците на Новак Ѓоковиќ и локалната полиција. Според првичните информации има и повредени.
Инцидентот се случи откако толпата го опколила автомобилот во кој наводно бил Ѓоковиќ, иако некои сугерираат дека патниците биле неговите адвокати.
Следувало скандирање „Ослободете го Новак“. Полицијата ги оддалечи луѓето од автомобилот користејќи солзавец. Наводно, полицијата и демонстрантите се судриле, а на снимките се гледа како некои лежат на патот.
Целиот хаос се смирил набрзо по заминувањето на автомобилот.
Absolute mayhem by Novak Djokovic’s lawyer’s office on Collins Street. A car leaving the office is completely surrounded by people cheering “free Nole” pic.twitter.com/H3mAsEHSdX
— Tumaini Carayol (@tumcarayol) January 10, 2022