И двете се познати актерки и ги поврзува тајна конекција која речиси на сите им е непозната.
Во неодамнешното интервју за „Variety“, Хали Бери открила што е тоа што ја поврзува со Анџелина Џоли. Сè започнало околу важни теми и ќе има големо влијание врз новиот филм кој заедно го продуцираат.
Хали Бери и Анџелина Џоли работат на филмот „Maude v Maude“ – почетокот на таа соработка бил тежок, како што нагласила првата актерка.
„Се поврзавме додека многу зборувавме за разводите и поранешните партнери“, открила Хали Бери.
Актерката не сакала да ги открива деталите од тој разговор, а сигурно би било повеќе од интересно јавноста да дознае што зборувала Анџелина за Бред Пит.
Хали Бери зад себе има три брака, со Оливие Мартинез – со кој го има синот Мек, со Ерик Бенет и Дејвид Џастис. Од врската со Габриел Обри ја има ќерката Нала.
И Анџелина Џоли била во брак три пати: прво со Џони Ли Милер, потоа со Били Боб Торнтон и на крај со Бред Пит со кого има шест деца – Пакс, Медокс, Шајло, Захара, Вивиен и Нокс.
Голем скандал изби кога Захара се откажа од презимето на татка си, а јавноста го дозна што и мислењето на Пакс за Пит.
Тој скандал не стивнува и понатаму, а Анџелина во меѓувреме се посветила на својата работа, филмот „Maude v Maude“.
„Возбудена сум што работам со друга жена и создавам приказна со нашиот сензибилитет и нашите гледни точки“, изјавила Хали Бери, додавајќи колку е Анџелина премоќна.
Филмот ќе биде комбинација од филмовите „Mr & Mrs Smith“ и „Mission: Impossible“, Анџелина го запознала Пит на снимањето на овој прв филмски наслов, кога и започнале романса, а се венчале во 2014 година.
Официјално се разведоа во 2019 година.