Хали Бери е снимена на улиците на Лос Анџелес, а нејзиното издание го привлече вниманието.
58-годишната актерка е снимена како се упатува кон студиото на Џими Кимел за да го претстави својот нов филм, хорор филмот „Never Let Go“.
Вниманието на минувачите го привлече во црвен тесен фустан со длабоко деколте, а расположената актерка насмеано им позираше на фотографите.
Инаку, Бери во споменатиот филм ја игра мајката на близнаците со кои мора да преживее застрашувачка борба против злото.
„Станува збор за генерациска траума, љубов и страв. Она што го сакав кај оваа мајка е тоа што таа е поинаква верзија на мајката, таа е помрачна верзија на себе. Но, ова е мајка која се справува со сопствената траума што и е пренесена , за да направи најдоброто што го може“, рече таа .