Мегапопуларната актерка Хали Бери, која и на 58-годишна возраст се уште е на листата на најубави жени во Холивуд, присуствуваше на церемонијата на затворање на третиот годишен Меѓународен филмски фестивал Црвеното Море.
Мегапопуларната актерка Хали Бери, која и на 58-годишна возраст се уште е на листата на најубави жени во Холивуд, присуствуваше на церемонијата на затворање на третиот годишен Меѓународен филмски фестивал Црвеното Море, кој се одржува во Џеда, Саудиска Арабија.
Актерката го привлече целото внимание на фоторепортерите и јавноста во златен фустан на „Elie Saab“ кој откриваше речиси сè, а сепак не покажуваше ништо.
Прекрасната креација е целосно затворена, со ракави, а деколтето е многу впечатливо, бидејќи во пределот на градите и горниот дел има орнаменти кои не ја преминуваат линијата на вулгарност и пристојност.
Хали Бери го украде шоуто во оваа навистина ефикасна креација, а на церемонијата дојде со својот долгогодишен партнер Ван Хант.