Хали Бери на 53 години изгледа најдобро досега. Убавата глумица повеќе пати има докажано дека не се срами да покаже повеќе.
Таа сега со провокативна фотографија, на која е во секси градник, го прослави 6-милионитиот следбеник на Инстаграм.
„6 милиони следачи!Вие сте ми најголема инспирација, поддршка и најпозитивните луѓе кои можев да ги побарам. Полна со љубов додека седам дома и практикувам дистанца. Во пижами сум цел ден! Ги поздравувам сите кои лудуваме дома и родителите кои сега имаат повеќе работа од било кога! Ова се сериозни времиња и срцето ми е кај оние кои се болни и оние чии финансии се погодени – можам само да се молам работите што побрзо да се вратат во нормала. Останете чисти, сигурни и исправно информирани. Ве сакам!“, напишала Хали покрај фотографијата.
Нејзините верни фанови ѝ упатиле комплименти, а голем број од нив ѝ ја препишале титулата најзгодна жена на светот.