Поранешниот генерален секретар на НАТО, Хавиер Солана, е примен во болница откако на тест бил позитивен на коронавирусотм, изјавиле извори за Reuters. Соговорниците на агенцијата додале дека неговата здравствена состојба се попрва, но дека од предострожност и натаму е под лекарски надзор.
Во петокот дневниот шпански весник ABC прв објави дека Солана во средата бил хоспитализиран во Мадрид поради коронавирусот.
Хавиер Солана (77) беше генерален секретар на НАТО од 1995 до 1999 година. Претходно, од 1992 до 1995 година беше шеф на шпанската диполоматија.
Тој во понеделникот присуствувал на настан кој го организирала актуелната министерка за надворешни работи на Шпанија, Аранча Гонзалес Лаја.