Во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 поранешниот бизнисмен и сопственик на пицерии Љупчо Николовски-Фуфо раскажа за своето минато поврзано со лихварството и коцката.
На прашање за тоа колкави се каматите кои лихварите ги наплаќаат за своите услуги, Николовски вели дека се 10 отсто дневно, односно доколку денеска земете 10 илјади евра, утре ќе треба да вратите 11 илјади евра, но доколку закасниш за месец дена ќе станат 30 илјади евра.
– Нема коцкар што може веднаш да плати. Да, во почетокот сум бил во ситуација веднаш да платам, но како сум паѓал се потешко сум враќал. Тогаш почнува тортурата која ретко кој може да ја издржи. Во коцката губиш пари свои, туѓи пари, па губиш образ, доверба, а на крај го губиш најважното – семејството – вели Николовски.
Исто така тој се осврна и на политички случувања во државата и вели дека таа му личи на фаличен пансион.
-Се трудам целосно да не ги пратам политичките случувања за да можам порелаксиран да бидам затоа што што повеќе ги следиш актуелните случувања, се почесто си во разни стресови Не сакам активно да се занимавам со тоа. Повеќе би се нервирал, а немам шанса ништо да променам, отколку што би се релаксирал. Тоа не значи дека можам максимално да се изолирам, но сепак сега имам привилигирана состојба да не морам активно да учествувам во политичкото секојдневие – вели Фуфо.