Манекенката Елса Хоск се појавила на Канскиот фестивал, на премиерата на филмот „La Passion De Dodin Bouffant“ во фустан – или два фустани…
Швеѓанката носела нежнорозов корсет врз кој бил сошиен светлосин фустан, па изгледало како да носи две креации.
Сè, но баш сè во врска со овој фустан било необично, а многумина не биле сигурни дали гледаат еден или два фустани на црвениот тепих.
Оваа необична модна креација ја потпишува двојката „Viktor&Rolf“, позната по своите авангардни и уникатни изданија.
Фустанот дебитираше на пистата во текот на сезоната на „haute couture“ за пролет/лето 2023, а беше претставена претходно оваа година во Париз.
„Тоа е апсурдно сфаќање на стереотипот за балски фустан, кое го адаптиравме за 21-от век. Доаѓа од љубовта кон гламурот, но како и нашиот парфем, сакаме да биде убав и исто така сакаме да има паметна идеја“, изјавиле дизајнерите за „Vogue“.