Холивудската актерка Наоми Вотс потврди дека се омажила за својот колега Били Крудап, објавувајќи фотографија од скалите на судот во Менхетн. Наоми на 54-годишна возраст првпат стапна на „лудиот камен“
Она што исто така го привлече вниманието на сите е фустанот што Наоми го избра за тој ден. Елегантен и уникатен, креацијата на Оскар де ла Рента, фустанот веќе стана главна тема во модниот свет. Нејзиниот смел и автентичен моден израз воодушеви многумина, а истовремено ги истакна убавината и стилот на Наоми.
Вотс и Крудап наводно ја почнале врската во 2017, кога глумеле сопружници во серијата „Gypsy“. Првпат заедно се појавија во јавност дури во 2022.
Вотс има две деца од 11-годишната врска со актерот Лив Шрајбер, од кого се раздели во 2016, додека Крудап доби син во врската со актерката Мери-Луиз Паркер.
ФОТО: Инстаграм