Фустанот го украде вниманието: Ким Кардашијан едвај чекореше на забавата по Оскарите (ФОТО и ВИДЕО)

by Тони Зографски

Риалити ѕвездата Ким Кардашијан сподели на својот профил на Инстаграм видео од незгоден момент што ѝ се случил непосредно пред да замине на забавата на „Венити фер“ за Оскарите.

Во претесен, златен фустан што ја истакнуваше нејзината фигура, но и ѝ го отежнуваше одењето, Ким едвај се движеше на вртоглаво високите штикли.

Токму оваа комбинација од претесен фустан и превисоки чевли доведе до непријатен момент во кој таа ја изгуби рамнотежата и падна.

– О, извинете, мојот глужд! – може да се слушне како вели таа на видеото.

Членовите на нејзиниот тим и пријателката Стефани Шеферд веднаш ѝ притрчаа на помош и ѝ помогнаа да стане, пишува Дејли Меил.

Иако беше малку потресена од сето ова, Ким брзо се прибра. По неколку моменти, таа се обиде повторно да оди, а пред да влезе во автомобилот, го замоли тимот дополнително да ѝ ги зацврстат чевлите.

Таа се појави на црвениот тепих дотерана и насмеана. Во впечатлива златна комбинација, покажа дека знае како да се справи со секоја ситуација – дури и по мал пад.

останати вести