Од моментот кога летово првпат се појавија фотографии од сетот на новите епизоди на серијата „Сексот и градот“ наречена „And Just Like That…“, обожавателите постојано ги коментираат модата и алиштата кои се појавуваат во серијата.
Еден од фустаните во кој Кери се појави на почетокот не наиде на одобрување кај фановите, бидејќи се посомневаа дека е парче од брендот „Forever 21“ и се плашеа дека дизајнерските парчиња ги заменила со брза мода.
Сепак, костимографите Моли Роџерс и Дени Сантијаго потврдиле за „Page Six“ дека многу дискутираниот макси фустан на Сара Џесика Паркер е всушност од личната архива на Дени и дека тој го купил во еден second hand.
„Го купил пред многу години за 5 или 6 долари“, рекла Моли.
„Подоцна дознавме дека Forever 21 имале многу сличен фустан, но имитирал еден индиски дизајнер. Со оглед на тоа колку долго Дени го имал фустанот, мислиме дека веројатно е од оригиналниот дизајнер“.
Инаку, легендарното бело здолниште на Кери всушност било на попуст кога го пронашла костимографката Патриша Филд.
Со изјавата дека здолништето го нашла во корпа со попуст, легендарната стилистка ги разбила илузиите на сите кои биле убедени дека здолништето е потпишано од некој од најпознатите дизајнери. Цената на здолништето исто така била само пет долари.