#Имам многу едноставно прашање, ама одговорот може да биде сложен доколку намерата е нечесна…

Дали сте спремни за власт да ја отерате оваа држава у пи*ку матер?

Дали сте спремни да носите на врат животи на млади луѓе за власт?

Знам, одговорот е комплициран затоа што намерата ви е само една… ВЛАСТ!

Цуфи Кока, човекот кој извади пиштол, го снимав вчера.

Четворица полицајци беа кај плоштадот Скендербег кога почна првиот инцидент вчера.

Ајде некако ова ќе го сфатевме како пропуст на полицијата, но денеска на местото каде што почнаа инцидентите имаше само десетина униформирани полицајци (не од специјалните единици).

Е сега за Цуфи Кока… Он е сопственик на хотел лоциран спроти споменикот на Скендербег. Вчера му беа искршени стакла и оштетени автомобили на клиентите.

Доста го политизирате случајот. Не го извадил пиштолот по наредба на ниту една политичка партија, едноставно некогаш кога гледаш како се оштетува нешто за кое цел живот си работел, губиш контрола.

Да не се разбереме погрешно, насилството никако не може да се оправда.

Но дали полицијата можеше да го заштити објектот и да спречи инцидент? ДА

Дали е ова само пропуст? Не верувам!

Да се случеше еднаш, ајде некако ќе поверувавме, ама откако се повтори едноставно не можеш а да не сомневаш дека некој сакал ова да се случи.

Дечки, посебно вие помладите. Прстот на глава, и размислете добро пред да влегувате во вакви игри и да станете алатка на политички партии. Утре ќе седнат во фотелји е ќе ве заборават.

Утре пак ќе треба да пиете кафе во Чаршија и да јадете во 7-ца.

Доста беше! За власт нека се изборат со реализирани проекти, со чесно работење и без лаги, а не уништувајќи ги вашите животи.