32-годишниот Нино Адамиќ и е вистински хит на социјалните мрежи. И покрај очигледниот вишок килограми, Нино се одзвал на повикот на хрватскиот нисколигаш Сокол од Соколовац да му помогне да се спаси од испаѓање.
Нино има 182 сантиметри и 140 килограми. Фудбал почнал да игра во пионерската школа на Славен Белупо се до младинска категорија.
“Тој е предобар човек со огромно срце. Кога му се јавивме дека ни треба помош за клубот да не пропадне, веднаш се појави и рече дека ќе помогне колку може и покрај тоа што знаеше дека заради изгледот може да биде цел на потсмев. Штета за килограмите, ако малку поработи на физичка подготовка, би бил за нас идеално засилување“ – велат соиграчите од Сокол за Нино.