Фудбалските фанови имаат нова ТВ миленичка (ФОТО)

by Тони Зографски

Италијанската ТВ водителка Елеонора Инкардона е нова миленичка на фановите на буба марата од целиот свет, посебно на оние кои ги следат мечевите од премиерното Светско клупско првенство. 

Светското клупско првенство, кое се одржува во Америка, полека „паѓа“во сенка на „жешката“ Италијанка Елеонора Инкардона.

Убавата Елеонора е водителка на телевизијата „DAZN“ која врши директни преноси од клупскиот Мундијал во Америка и експресно стекна огромна популарност меѓу фановите за време на натпреварите организирани од ФИФА во Соединетите Американски Држави.

Нејзиното присуство во близина на теренот гарантира возбуда, а мажите низ целата планета едноставно се „луди“ по неа, како и по нејзините жешки фотографии што ги објавува на својот Инстаграм профил, каде што ја следат 1,2 милиони луѓе.

Посебно внимание фановите обфрнуваат на нјезоиното бујно деколте во бикини.

Инаку 35 годишната Елеонора е новинарка со години, ги следи клубови како Милан и Интер, а е позната и како страствен обожавател на голфот, Формула 1 и брзите автомобили.

И покрај фактот дека многу мажи низ планетата се луди по неа, нејзиното срце го освои фудбалерот на Торино, Самјуел Ричи.

останати вести