Англискиот фудбалер Џордан Синот кој настапуваше за нисколигашот Метлок таун, почина како последица на здобиените телесни повреди по тепачка пред ноќен клуб, објави полицијата.
Имено, Синот околу два часот по полноќ бил пронајден во тешка состојба во Ретфорд, Нотингамшир. Полицијата објави дека претходно добила повик за да интервенира и да спречи голема масовна тепачка пред ноќен клуб , само неколку часа пред да биде пронајдено телото на фудбалерот. Џордан Синот имал тешки телесни повреди, имал фрактура на черепот и како последица на повредите тој починал во болницата.
Полицијата веднаш уапсила неименуван 27-годишен маж за кого се сомнева дека ги нанел фаталните повреди на фудбалерот.