Во екот на коронавирусот, и откако е прекината Лига 1, доаѓа интересна вест за репрезентативец на Алжир, инаку фудбалер на францускиот Анже.
Неговото име е Фарид ел Мелали, а понеделникот за него бил и тоа како бурен. Имено,Фарид кој има 22 години, прво, утрината потпишал нов договор со Анже, а вечерта бил виден како мастурбира во дворот на станбениот блок од згради додека низ прозорец гледал во една жена која живеела на приземје. Инцидентот се случил околу 22.50 часот. Фудбалерот бил пријавен од соседи, кои биле сведоци на манијачкото однесување на Ел Мелали.
Интересно е што ова не му е првпат да го обвинат за вакво дело, и минатиот месец имал сличен проблем, но тогаш не бил идентификуван. Адвокатката која го брани вели дека тој не „таргетирал“ никого и не бил агресивен кон никого, а сосетката не го ни видела.